fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците од општина Зрновци успешно започнаа да го собираат и селектираат пластичниот отпад во процесот на производство

Здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко Тим Исток“ од Кочани во партнерство со општина Зрновци и Екопроект-Ко ДОО од Кочани, фирма со дозволи за собирање, транспорт и третман на неопасен и друг вид на отпад, во текот на минатата година успешно реализираше проект за собирање на пластичниот земјоделски отпад во оваа земјоделска општина.

Здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко Тим Исток“ од Кочани во партнерство со општина Зрновци и Екопроект-Ко ДОО од Кочани, фирма со дозволи за собирање, транспорт и третман на неопасен и друг вид на отпад, во текот на минатата година успешно реализираше проект за собирање на пластичниот земјоделски отпад во оваа земјоделска општина. За активностите и постигнатите резултати разговаравме со Ирена Мирчовска, координатор на проектот.

„Селектирај пластичен земјоделски отпад“ e интересен проект кој минатата година се спроведуваше во општина Зрновци. Може ли да ни кажете повеќе детали за овој проект?

Во периодот од јуни до ноември 2020 година на територијата на општина Зрновци се спроведуваше проектот „Селектирај пластичен земјоделски отпад“, преку поддршка на граѓанските организации во рамките на проектот НАГЕ/NAGE- Вмрежување и застапување за зелена економија. Проектот го спроведуваше Здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко Тим Исток“ од Кочани во партнерство со општина Зрновци и Екопроект-Ко ДОО од Кочани, фирма со дозволи за собирање, транспорт и третман на неопасен и друг вид на отпад. Буџетот на проектот е целосно обезбеден од Европската Унија.

Целта на проектот беше да се соберат и предадат на рециклирање 300 килограми пластичен отпад  од земјоделството преку воспоставување на систем за правилно постапување и управување со отпадната пластика од земјоделството во Општина Зрновци.

Кажете ни за клучните активности кои беа спроведени во рамки на оваа иницијатива и што е најважно како истата беше прифатена од земјоделците и локалното население?

Во рамки на проектот беше воспоставен систем за правилно постапување и управување со отпадната пластика од земјоделството во општина Зрновци преку поставување на два комбинирани садови за селектирање на пластика на две локации во Зрновци. Беше потпишан договор со фирма во Кочани која има дозвола за собирање, транспорт и третман на отпад (Екопроект-Ко ДОО), со услови за подигање и транспорт на собраниот отпад. Беа изработени и дистрибуирани флаери и постери со едукативна содржина, со мапа со точно обележани собирни места на пластичен отпад од земјоделството кои со помош на комуналното претпријатие „Водна кула“ од Зрновци, заедно со сметките за вода стигнаа до секое семејство во општината. Исто така спроведовме мониторинг на собраниот отпад од страна на проектниот тим. За жал, поради ситуацијата со пандемијата не бевме во можност да оствариме поголем број на директни средби со земјоделците во општината, меѓутоа, со оглед на постигнатите резултати, сметаме дека пораката успешно е пренесена и прифатена од страна на земјоделците и целокупното локално население во општината.

Колкави количини земјоделски отпад беа собрани во поставените контејнери во општина Зрновци? Дали ова е во рамки на планираното?

И покрај фактот што поради пандемијата дел од активностите моравме временски да ги пролонгираме, и од планирани четири месеци периодот за собирање на отпадната пластика беше намален на два месеци, можеме да се пофалиме дека од планирани 300 кг отпад за четири месеци, собрани беа 381 килограми за само два месеци, а бројката дополнително се зголеми по периодот на завршување на проектот. Периодот веќе започнуваат подготвителни активности за земјоделските активности, што значи дека во наредниот период очекуваме да се соберат многу поголеми количина на пластичен земјоделски отпад од оние што се собраа додека траеше проектот.

Кои беа клучните предизвици со кои се соочивте во текот на реализација на овој проект?

Главен предизвик уште пред отпочнување на проектот беше фактот што како здружение досега нашите делувања беа насочени во урбани средини (главно во Кочани), што значеше несигурност како ќе бидеме прифатени и успешни во рурална средина. На крајот на приказната, нашето мислење е многу поразлично од нашите очекувања. Имено, работите многу полесно функционираат, и резултатите се далеку повидливи, доколку средината во која се работи е помала, а уште повеќе ако е рурална. Тоа значи лесен пристап до сите, отвореност на институциите, интерес за соработка. Со нашиот партнер – општина Зрновци имавме одлична соработка и секогаш навремено и точно си ги извршуваа своите обврски. Дополнително, самоиницијативно како соработници во проектот се вклучија и КЛП „Водна кула“ кои ни помогнаа во спроведувањето на дел од активностите (дистрибуирање на печатени флаери заедно со сметките за вода до секое домаќинство во општината, дистрибуција на пакети заштитни средства (маски и ракавици за повеќекратна употреба) до земјоделците во општината, собирање на селектираниот отпад од садовите и негово чување во нивни простории се до подигање од Екопроект-Ко. Дополнително, и од страна на самите земјоделци и локално население, секојдневно до нас стигнуваа, и сеуште стигнуваат пораки и позитивни вибрации да продолжиме понатаму со нашето работење, да ги зголемиме расположливите ресурси и освен со пластичниот отпад од земјоделството, да воспоставиме функционален систем за организирано селектирање и собирање и на другите видови на отпад.

Што со собраниот пластичен отпад? Каде завршува тој во ланецот на управување со отпад?

Собраниот пластичен отпад, од страна на партнерот во проектот „Екопроект-Ко“, се собира, механички се третира и предава понатаму на рециклирање. Во моментот работиме на разработка на идеја за рециклирање на пластика – добивање на краен производ од отпадна пластика кој би бил целосна иновација кај нас, но нема да откривам повеќе околу тоа, ова нека биде само најава за наша следна успешна приказна.

Генерално ваше мислење, колава е свесноста во нашата земја, и поконкретно во општините во кои делува Еко Тим Исток, за значењето од правилен третман на оппадот, особено на пластичниот оптад кој е најголем загадувач на околината?

Граѓаните се свесни за важноста на почиста и поздрава животна средина, средина без отпад и се спремни да дадат свој придонес во зачувување на истата. Она што најчесто недостасува е мотивацијата, иницијалната каписла и минимални средства и ресурси за нештата да профункционираат. Конкретно во нашиот проект, жителите на општина Зрновци многу бргу ја разбраа пораката и се вклучија во процесот на селекција на пластичен отпад од земјоделството.

Сумирано, кои се клучните придобивки од реализацијана овој проект и дали активностите н атерен и понатаму продолжуваат?

Клучна придобивка од проктот е воспоставувањето на систем за правилно постапување со пластичниот отпад од земјоделството во општина Зрновци, што беше и нашата конкетна цел. И покрај временското завршување на проектот, главната активност од проектот – селектирање на пластичен земјоделски отпад во општина Зрновци ќе продолжи и понатаму, бидејќи системот е веќе воспоставен и функционира, и истиот не бара дополнително време и средства. Договорот со Комуналното претпријатие во Зрновци и Екопроект-Ко продолжува да важи и понатаму, бидејќи е од интерес на сите засегнати страни и насочен кон една заедничка цел – почиста и поздрава животна средина со помалку отпад.https://inovativnost.mk/2021/03/23/%D0%B7%D0%B5%D0%BC%D1%98%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BE%D0%B4-

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close