fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Чувањето гулаби пасија на тетовци

Ако сакаш да чуваш гулаби мора и да се посветиш на нив.

На само стотина метри од центарот на Тетово во населбата позната како Цетинска, домот на семејството Османи е и дом на стотици питоми гулаби од различни раси.

Куќата на ова семејство е изградено во 1964 година. Околината била опкружена со природа, но по неколку децении цело мало е урбанизирано.

Но, оваа промена не пречи да продолжиме со оваа пасија велат од семејството Османи. Напротив и покрај тоа што живеат во град тие чуваат и кокошки за како што велат децата да јадат природни јајца и да уживаат во гулабите.

68 годишниот Усеин Османи, вели дека откако знае за себе чува гулаби, но сега овие како што вели интелигентни, убави и мирољубиви птици им ги препуштил на неговите синови Фарук и Ведут.

Има разни раси на гулаби, но највеќе јас и моите деца ја сакаме тетовската раса на гулаби која се помалку ја има. Имаме неколку од нив кои чинат многу на пазарот, но не ги продаваме затоа што се работи за специфична раса на гулаби, додава Усеин додавајќи дека имаше пред неколку децении многу од тетовската раса, но таа замина како што заминаа и старите Турци од Тетово во Турција и сега таа тетовска раса ја има таму во поголем број. Се работи за специфична раса, која кога се симнува врти во круг и ете на некого можеби ова му е смешно, но ние што чуваме гулаби уживаме во тоа, вели Усеин Османи.

Неговите синови Фарук и Ведут, вели тој, модерната технологија не им е пречка да се занимаваат со чување гулаби. Ако правилно го распределиш времето можеш се да постигнеш и да одиш на работа и да се посветиш на семејството, но и на гулабите кои иста така одземаат време.

-Па ако сакаш да чуваш гулаби мора и да се посветиш на нив. Бараат неколку пати во денот да ги нахраниш, мора да ги извадиш од ќумезот мора да летаат, како што велиме ние да се издуваат. Па некогаш не е убаво времето врне или слично, мора да го чекаш времето да се разубави барем пола час во текот на денот за да ги пуштиш, инаку гулабите можат да ‘здиват’, вели Ведут Османи.

Тој додава дека заедно со неговиот брат ги чува гулабите само од мерак, а не за бизнис.

-Има голем дел од луѓето кои чуваат гулаби за бизнис. Ги продаваат ги препродаваат затоа што има гулаби кои чинат и до 6.000 евра. Но, има доста лица кои чуваат гулаби од мерак. Имаат скапи гулаби и по илјадници евра, ама не ги продаваат. Се случуваат и лоши работи. Може некој гулаб да го изгуби правецот при летање да се загуби и тогаш се случува некој да ти го земе гулабот друг гулабар и да не ти го врати, се случуваат такви лоши работи во секое хоби, бизнис и слично. Но, највеќе ме радува тоа што се повеќе млади лица ги интересира ова хоби и чуваат гулаби во своите дворови. Тоа е добро за да не исчезнат расите. Но, Тетово како што гледате се повеќе се урбанизира и малку е тешко за чување гулаби, малку е незгодно од соседите, па во последно време земаме под заем ниви во околината на Тетово и таму ги чуваме гулабите особено во летниот период, вели Ведут.

Семејството Османи планира да ја урне старата и да изгради нова куќа, затоа што семејството расте, односно бројот на членови се зголемува.

Како за нив, планира да изградат и нови домови за нивните миленици, гулабите, чие семејство исто така од година во година се проширува.

 

Зоран Димовски за Зелена берза

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close