Маслото за јадење поскапо за 30 насто, граѓаните се жалат на повисоките цени
Од 70 на 100 денари или цели 30% за само неколку недели.
Толку е поскапено маслото за јадење. Граѓаните се жалат дека цените растат секојдневно, а тоа најмногу се забележува кај зејтинот. Велат 500 евра не го „крпат“ месецот.
Производителите на маслото за јадење велат дека растот на цената бил неизбежен, бидејќи цените на светските берзи во последниве 6 месеци дупло се зголемиле. Сепак велат трендовите сега се подобри и може да се очекува во следниот период цените да паѓаат.
„Ние едноставно ја пратиме таа, успеваме да купиме количини, нашата фабрика има редовно количини, но едноставно ја пратиме берзанската цена и мораме да ја подигнеме цената на готовиот производ на литар масло.“ / „Најверојатно се должи на недостигот на сирово масло, односно сончоглед, сончогледово масло воопшто. Поради сушата во континуитет 3 -4 години изминатите и поради намалувањето на продажба на поминато масло.“ изјави Сашо Наумоски, производител
Последните податоци на статистика покажуваат дека за една година храната поскапела за 2%. Најмногу се забележува кај маслото кое поскапело за цели 14%, потоа лебот, овошјето, зеленчукот.ССМ пресмета дека на едно четиричлено семејство за да го помине месецот му требаат над 33 илјади денари од кои само 15 илјади за храна и пијалоци.https://kanal5.com.mk/masloto-za-jadenje-so-rast-na-cenata-od-30-nasto-gragjanite-se-zhalat-na-povisokite-ceni/a467145