fbpx
ВестиМакедонија

Недела неработен ден, ама од 1 јануари 2022

Примената на Законот за работни односи и „Недела неработен ден“ ќе бидат со одложена примена, од 1 јануари 2022 година, соопштија вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шехпаска

Примената на Законот за работни односи и „Недела неработен ден“ ќе бидат со одложена примена, од 1 јануари 2022 година, соопштија вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шехпаска на денешната редовна месечна седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог што се одржа во Владата.

Одложената примена ќе важи и за измените и дополнувањата на Законот за данок на имот.

Како што информира заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, Предлог-законот за данок на имот е во собраниска процедура.

-Стапките на данок на имот остануваат во рамките во кои беа до сега, освен за оние лица кои поседуваат повеќе единици на имот и кои не се користат или не се во економска функција. Законските измени се во функција на зголемување на продуктивноста и зголемување на приходите по основ на данок на имот, нагласи Ковачевски.https://nezavisen.mk/nedela-neraboten-den-od-1-januari-2022/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close