Расте интересот кај македонските граѓани за купување на електрични возила, субвенции за набавка се уште нема
Со лансирањето на Новиот е-208 на македонскиот пазар, интересот веднаш се покажа.
Заинтересираност за купување на електрични возила секако дека има, и интересот е во постојан пораст, велат за „Локално“ од „Порше Македонија“, компанија која ги застапува автомобилските брендови Фолксваген, Ауди, Шкода, СЕАТ, Порше и Фолксваген комерцијалните возила.
Оттаму наведуваат дека во многу блиска иднина следува претставувањето и официјалното лансирање со продажба на македонскиот пазар на целосно електричниот Volkswagen ID.3, модел за кој, како што велат, има голем интерес.
Додадоа дека не треба да се занемарат предностите кои ги носи електрификацијата.
„Затоа решивме не само да донесеме електрично возило туку и да го регистрираме како тест возило, со цел да бидеме доследни кон нашите клиенти. Па така Новиот Peugeot е-208 во моментов е на располагање на клиентите“, истакнаа од компанијата.
Расте интересот на македонските граѓани за купување на електрични возила
„Заинтересираност за купување на електрични возила секако дека има и интересот е во постојан пораст. Веќе одамна неколку компании во својата флота на возила ги имаат вклучено електричните Volkswagen e-Golf и e-Up, додека интересот кај клиентите се уште е задржан кај plug-in хибридните модели кои ги нудиме од нашите брендови“, наведоа од „Порше Македонија“.
„Интерес има од самиот старт. Со лансирањето на Новиот е-208 на македонскиот пазар, интересот веднаш се покажа. Сепак тоа е првото 100% електрично возило со автономија до 340 км и комфор идентичен како во верзиите со внатрешно согорување, кое е донесено на нашиот пазар и се очекуваше да пројави интерес. Голем дел и од автомобилските медиуми се ангажираат во промовирањето на електирифкацијата на нашиот пазар и лобирање до државаните органи за субвенционирање на овие возила. Интерес имаме и од потенцијалните клиенти и јавноста. Електрифицираните возила се со повисока цена на чинење, како што знаете, но исто така станунва збор за нова технологија. Истовремено со 0 емисија на CO2“, велат оттаму.
Сметаат дека со поголема инволвираност на државата во субвенционирање и поддржување на електрификацијата на возилата реализациите ќе бидат поголеми и истакнуваат дека „Пежо Македонија“ е тука „за да помагаме во едуцирањето на јавноста“.https://lokalno.mk/raste-interesot-na-makedonskite-gragani-za-kupuvane-na-elektrichni-vozila-subventsii-za-nabavka-se-ushte-nema/