fbpx
ВестиМакедонија

Работниците бараат правна помош најмногу за неисплатени плати и откази

Имало и случаи во кои работниците биле праќани дома и им била намалена платата со образложение дека нема работа поради пандемијата, а бројни обраќања пристигнале и за непочитување на правото на платено отсуство на хронично болните работници, бремените жени и родителите со деца до 10 години.

Намалени или неисплатени плати, откази и трансформирање на работниот однос од неопределено на определено време, се дел од работите поради кои работниците побарале правна помош и заштита во текот на минатата година. До Сојузот на синдикати на Македонија, кој има служба за бесплатна правна заштита за правата од работен однос, пристигнале голем број поплаки за неисплатени плати, иако за тоа биле обезбедени финансиски средства од страна на Владата, како дел од антикризните пакети за излез од кризата што ја предизвика пандемијата на Ковид-19.

Имало и случаи во кои работниците биле праќани дома и им била намалена платата со образложение дека нема работа поради пандемијата, а бројни обраќања пристигнале и за непочитување на правото на платено отсуство на хронично болните работници, бремените жени и родителите со деца до 10 години.

– Карактеристично беше упатувањето на работниците дома со образложение на работодавачите дека нема работа заради здравствената криза или дека нема услови истата да се организира според државните протоколи. Притоа на овие работници им беше намалена платата и не се почитуваа уредбите на Владата за право на платено отсуство. ССМ за ваквата појава во соработка со Државниот инспекторат за труд навремено интервенираше и со тоа кај таквите несовесни работодавачи беа спроведувани инспекциски контроли и беа задолжувани да ја исплаќаат платата на работниците утврдена согласно договорите за вработување, велат од ССМ во изјава за МИА.

Отказите се исто така значаен дел или околу 40 проценти од обраќањата до ССМ се по овој основ. Евидентирани се откази во чевларската и металната индустрија и во угостителството.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close