fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Што одговорија од кабинетот на министерот Хоџа за откупот во Сокотаб

НАЈНОВА ВЕСТ-Сокотаб ја испочитувал договорената количина за откуп.

Сокотаб ја откупиле договорената количина на тутун во вонредниот откуп велат од кабинетот на министерот за земјоделие Арјанит Хоџа.

-Откупот на вишокот тутун се уште трае и ќе продолжи заклучно договореното, односно до 31. март. Тогаш ќе ја имаме вкупната количина на откупен вишок. Сокотаб, откупиле 106 тона вишок, тоа е договорена количина која тие ја испочитуваа. Доколку имаат интерес да откупат уште, ќе не информираат, ова е одговор од кабинетот на министерот Хоџа, откако Зелена берза постави прашање зошто Сокотаб ги затвора откупите.

 

Денеска Игор Мирчески координатор на новоформираните здруженија предупреди дека Сокотаб ги затвора откупуте а тутунарите да не чекаат попусто ред туку да бараат нови компании за откуп.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close