fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Хоџа: Пописот ни е битен за да видиме на колку луѓе земјоделството им е основна дејност

По сознанијата што ги имам, последната бројка се движи над 80.000 регистрирани земјоделци“, изјави министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа за емисијата „24 анализа“.

Аријанит Хоџа, министерот за земјоделство во емисијата 24 анализа рече дека има 80.000 регистрирани замјоделци и пописот е битен заради дополнителни информации на кого земјотелството му е примарна дејност за да се креираат натамошните политики на министерството.

„Непоклопувањето на бројките се движи над 6000 земјоделци пријавени во Фондот за осигурување.“ – рече Хоџа.

Во врска со соткупот на оризот министерот истакна дека неколку дена пред нова година се измени уредбата и од 18 000 денари што биле за несменски матерјал за ориз, ги направиле на 30 000 денари. Тоа покачување беше заради оваа ситуација и потешкотиите, рече Хоџа.

„Заради тие мали загрижувања на производителите ние презедовме чекор. Имав 4-5 состаноци со оризопроизводителите и слушајќи ги нивните барања и забелешки и сум бил на терен и заради тоа произлезе да се тргне таа субвенција за несеменски матерјал од 18 000 и да ја изедналчиме со субвенцијата за семенски матерјал од 30 000 денари.“ – рече Хоџа.

Хоџа смета дека сепак не е доволно, но направен е исчекор во однос на минатите години. Во однос на заштитните мерки, царински бариери и квоти на заштита за домашното производство од надворешен узвоз, Хоџа смета дека реално пазарната моќ на нашата држава е таа што е, колку народ сме, толку може и да конзумираме. Реалната цена и придобивка, сите земјоделци посебно градинарските производи, го имаат во извозот.https://www.24.mk/details/khodza-za-tv-24-go-pokachivme-subvenciite-za-otkupot-na-orizot

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close