Вести
Баер го купи Монсанто за 66 милијарди долари
Германската фармацевстка компанија „Баер“ го купи американскиот производител за генетски модифицирано семе „Монсанто“ за 66 милијарди долари.
Купопродажниот договор е потпишан вчера според кој „Баер“ треба да плати 128 долари по акција.
Тоа е најголем договор за преземање оваа година.
Договорот предвидува формирање на компанија која би контролирала повеќе од 25 проценти од светскиот пазар за семиња и пестициди во оваа брзорастечка индустрија.