fbpx
ВестиМакедонија

Ќе се градат автопатски делници Прилеп-Битола и до Ќафасан и Букојчани

Владата на 59-та седница го одобри текстот на Меморандумот за разбирање помеѓу со компанијата „Бехтел и Енка“ за соработка за проектна подготовка и изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа-Струга-Ќафасан од Коридорот 8, како и изградба на автопатската делница Прилеп-Битола од Коридорот 10.

Владата, како што соопшти владината прес-служба, донесе и Одлука за давање на согласност за давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на државата на Друштво за изградба и управување со енергетски централи „СПХ – МБ“ ДООЕЛ Скопје, која како странска инвестиција на територијата на Општина Македонски Брод ќе гради енергетски централи за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија – фотоволтаици, со инсталирана моќност од 10 мегавати.

– На предлог на Канцеларија на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница е донесена одлука за формирање на координативно тело за поддршка и одржлив развој на преспанскиот регион, кое во соработка со Делегацијата на Европската комисија во Скопје, како и со другите државни институции и локалната самоуправа на Ресен ќе работи на осмислување и навремена реализација на проектите кои се планирани во регионот на Преспа, се додава во соопштението од владината седница.https://inovativnost.mk/2021/03/31/%D1%9C%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%82-

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close