Козјото млеко сѐ повеќе се бара
Одгледувачите на кози постепено ги зголемуваат стадата. Побарувачката на козјо месо и преработките од млекото на домашните пазари е сѐ поголема иако сѐ уште не може да се спореди со потрошувачката во европските држави.
Во Македонија има 75.000 кози што е за 18 проценти повеќе од претходните години.
Во македонските стада најзастапена е домашната раса „балканска“, а козите најмногу ги одгледуваат индивидуалните земјоделци.
Вкупното производство на козјо млеко е скоро 15.000 тони годишно.
Бројот на фармите се зголемува како резултат на побарувачката на пазарот за козјо млеко и неговата профитабилност.
Цената е двојно помала од овчото млеко и во преработките повеќето од сточарите го мешаат со овчото.
За разлика од млекото, козјото месо на домашниот пазар има помала потрошувачка.