Заев, Шахпаска, Филипче и Бочварски биле до Прилеп и Битола со хеликоптер на МВР за да не лета празен
Министерството вели дека премиерот и најблиските соработници со денешниот хеликоптерски превоз заштедиле време за другите обврски во Владата.
Премиерот Зоран Заев со министрите Венко Филипче, Јагода Шахпаска и Благој Бочварски денеска со хеликоптер на МВР слетаа во Прилеп на настани, во рамки на задолжителните месечни летови, т.е. за да не оди хеликоптерот празен.
За назад бил полесен за еден патник, Шахпаска останала во битолскиот регион подолго.
„Летовите со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи на премиeрот Заев и министрите Шахпаска и Филипче на релација Скопје – Прилеп, односно на премиерот Заев и министрите Филипче и Бочварски на повратната релација кон Скопје се во рамки на обврските за задолжително исполнување работни месечни часови кои согласно стандардите важат и за пилотите и за леталата“, одговори МВР на прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК .
Веста дека Заев оди на настан во Прилеп и Битола денеска ја објави на Фејсбук пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска.
Премиерот денеска изврши увид во завршените градежни работи на модуларната болница во Прилеп. Присуствуваше и на почеток на изградба на нова енергетски ефикасна градинка, како и на пуштањето во употреба на новиот 400/110 киловолтен трансформатор во трансформаторска станица „Битола 2” во Новаци.https://sdk.mk/index.php/makedonija/zaev-shahpaska-filipche-i-bochvarski-bile-do-prilep-i-bitola-so-helikopter-na-mvr-za-da-ne-leta-prazen/?