fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Министерот Хоџа ги моли сточарите за трпение за неисплатените субвенции

Сите заедно вложуваме напори субвенциите ќе бидат исплатени наскоро, велат од МЗШВ

Министерот Хоџа, денеска во просториите на МЗШВ одржа состанок со незадоволните сточари од Полошкиот регион. На средбата тие го искажаа своето незадоволство поради доцнењето на исплатата на субвенциите. Министерот Хоџа ги информираше дека за време на целиот период од почетокот на пандемијата до денес, и покрај сите потешкотии субвенциите минатата година беа исплатени и никој не беше изоставен. Истото ќе биде исполнето и оваа година. Субвенциите за сите земјоделски гранки ќе бидат исплатени кон сите апликанти кои ги исполниле условите.
Министерот Хоџа замоли за разбирање и трпеливост кај сточарите. Третиот бран од корона кризата, предизвика редуциран број на вработени кои треба со физичко присуство да ги обработат податоците. Но и покрај тоа, сите заедно вложуваме напори и субвенциите ќе бидат исплатени наскоро.
Сточарите од Полошкиот крај се закануваат со радикални протести доколку не им се исплатат субвенции во најкраток рок.
Може да биде слика на 3 луѓе, седнати луѓе и внатре
Може да биде слика на 3 луѓе, седнати луѓе и внатре
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close