fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Мирчески испрати писмо до Заев-Разликата од 26 денари да ни се исплати линеарно на сите тутунари

Според ИСЕТ системот на Министерството, просечната цена за килограм тутун достигна 159 денари

Тутунарите по неуспешниот откуп на реколтата 2020-2021 се повеќе прстот го вперуваат во власта која на почетокот на откупот им ветуваше надоместок на загубите од катастрофалните цени на тутунот по класи.

Координаторот на новоформираните тутунарски здруженија Игор Мирчески денеска испрати писмо до премиерот Зоран заев во кое го потсетува да си ги исполни ветувањата дадени на тутунарите на почетокот на откупот.

-Денес испратив отворено писмо до премиерот Зоран Заев како координатор на четирите тутунски здруженија „Жолто тутунско злато“, „Тутунари земјоделци“, „Тутунарска мака“ и „Тутунски земјоделци“ каде бараме да го одржи своето ветување кое ни го даде на нас тутунарите на средбата во Влада одржана на 24.12. 2020 година, каде заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Хоџа не убедуваа дека откупувачите ги увериле дека просечната цена ќе достигне од 180-185 денари. На мое прашање -што ако не дојде до таа цена за која уверуваше и смируваше премиерот, а за која образложив дека според нашите проценки нема ни приближно да се достигне тој просек,одговорот беше доколку се појави пониска цена од таа, Владата ќе најде начин и форма да ја исплати разликата до оваа цена, пишува Мирчески.

Според него „Ако се знае податокот дека според ИСЕТ системот на Министерството просечната цена достигна 159 денари. Ние како тутунски здруженија бараме премиерот да си држи до зборот, оваа разлика од 26 денари да ни се исплати линеарно на сите.

-Исто во писмото споменавме за одлуката на Владата која ја донесе за тутунарите да влезат во 5 ти КОВИД пакет со симболична подршка ја поздравуваме, но и апелираме веднаш Собранието да ја изгласа и средствата што поскоро да се распределат на тутунарите. И на крај побаравме од премиерот да ја поддржи идејата за субвенција од 90 денари по сите класи за да се излезе во пресрет на ниската откупна цена во минатата реколта како и барањето кое пред извесен период и го упативме на Владата да организира јавна трибина со сите релевантни чинители во тутунската индустрија, а вклучувајки ја тука и науката каде отворено ќе се разговара за проблемите со тутунопроизводството, пишува Мирчески.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close