fbpx
ВестиМакедонија

Изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка се реализира со добра динамика

Патот е поделен на две делници во вкупна должина од 25 километри и ќе биде широк 12,5 метри

Изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка се реализира со добра динамика.

Министерот Благој Бочварски нагласи дека се работи за многу значајна патна артерија во североисточниот дел од земјава на Коридорот 8. Вкупната инвестиција на овој експресен пат од 25 километри е 58 милиони евра со што, како што рече, се овозможува голем економски потенцијал за овој дел од државата.

„Само на оваа делница на која присуствуваме  инвестицијата е над 30 милиони евра. Делницата е од Крива Паланка до Глобочица“, рече Бочварски, посочувајќи дека изградбата на втората фаза од делницата се одвива со добра динамика и дека реализациата е над 50 отсто

Патот е поделен на две делници во вкупна должина од 25 километри и ќе биде широк 12,5 метри со по една лента за возење и по една за застанување. Финансиите се обезбедени преку кредит од Светската банка.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close