fbpx
ВестиМакедонија

Следната недела се очекуваат мерките за угостителите, теретаните и спортските центри

Министерот оценува дека целта е мерките да стигнат до граѓаните и стопанството и да го дадат економскиот и социјалниот ефект поради кои истите се донесени.

Мерките што Владата ги најави за угостителите, теретаните и спортските центри, кои сега се затворени, ќе бидат објавени во текот на наредната недела, соопшти министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за МИА во кое истакнува дека набргу се очекуваат и мерките од  петтиот пакет  за кои некои закони се уште се во Собранието.

-И едниот и другиот сет мерки може да се очекуваат набргу, во прашање се денови и секогаш се прават напори мерките да стигнат што побргу до стопанството и граѓаните, иако не секогаш може да се постигне со оглед на процедурите за законските измени, вели Бесими и додава дека во однос на мерките за угостителите, теретаните и спортските центри и обложувалниците во текот на претстојната недела ќе бидат објавени мерките, односно моделот на обесштетување, кој како што најави и премиерот, тоа ќе биде процент од приходите остварени во првото тримесечје.

Според министерот набргу, овие дејности, но и другите стопанственици погодени од кризата, како и граѓаните, ќе можат да ги очекуваат и мерките од Петтиот пакет кои се во собраниска процедура. Дел од роковите се пробиени, но ќе се направат прилагодувања преку амандамни за да може истите да се ползуваат. Така на пример, вели, кај мерката финансиска поддршка за исплатата на плати, на работодавачите ќе им се даде можност истовремено да аплицираат за двете плати – и февруарската и мартовската. Рокот за мерката за финансиска поддршка за ранливите категории на граѓани, исто така ќе биде поместен до крајот на месецов.

Министерот оценува дека целта е мерките да стигнат до граѓаните и стопанството и да го дадат економскиот и социјалниот ефект поради кои истите се донесени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close