Во понеделник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Од вторник ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Од среда ќе дува и умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови повторно намалување на температурата. На планините врнежите ќе бидат од снег.