Вести
Се зголемуваат површините под индустриски домати
Индустрискиот домат е перспективна градинарска култура, која се повеќе се шири на просторот во источна Македонија. Напори за зголемување на површините вложува и земјоделската задруга „Фруктана“ од Аргулица, која на кооперантите им нуди разни поволности.
Инаку, најголема ставка во расходите при производство на домати е работната рака. Трошоците се елиминирани благодарение на комбајнот за берба, со кој се заменуваат од 100 до 200 работници.
Целокупните количества од домати се наменети за фабриката „Балкан еко фруит“, во Свети Николе. Квалитеот е на солидно ниво.