Сузбивање на плевели во пролетни култури со примена на почвени хербициди
„ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ“
STOMP AQUA (pendimethalin 455 g/L) – е хербициди кој е наменет за сузбивање на едногодишни широколисни и теснолисни плевели во посеви од пченка, пченка + грав, компир, сончоглед, соја, памук, зелка, кељ, карфиол, пиперка, домат, модар патлиџан, тутун, морков, магдонос, кромид од арпаџик и од семе, праз, наут, овоштарници и лозови насади. Се применува во доза од 2 до 4 L/ha, со време на примена после сеидба пред никнење односно пред расадување.
BASAR (s-metolachlor 960 g/L) – е селективен почвен хербицид, односно хербицид кој се применува после сеидба пред никнење, односно пред расадување во посеви од пченка, сточен грашок, грав, леблебија, цвекло, цикорија, сирак, шеќерна репа, лубеница и диња, расадници и леи, лековити растенија, кинеска зелка, леќа, лен, маслодајна репка, јагода, соја, сточна репка, тиква, овошје и винова лоза во фаза на мирување, сончоглед, домати, компир, тутун, пиперка. Наменет е за сузбивање на класести и широколисни плевели а се применува во доза од 1,25 L/ha.
BASAR PLUS (s-metolachlor 312,5 g/L + terbutilazin 187,5 g/L) – е селективен хербицид кој се користи за сузбивање на широколисни и теснолисни плевели во пченка со време на примена после сеидба пре никнење или после никнење на пченката до фенофаза 3 разиени лисја во доза од 3 до 4 L/ha, и сончоглед со примена после сеидба пред никнење во доза од 2,5 до 3 L/ha.
WING P (pendimethalin 250 g/L + dimethenamid-P 212,5 g/L) е селективен почвен хербицид наменет за сузбивање на класести и широколисни плевели во пченка, сончоглед, соја, грашок, грав, зелка, кромид и лук со примена после сеидба пред никнење односно пред расадување на културите. Се применува во доза од 4 L/ha.
Подготвил: Васко Манев