fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Уште нема субвенции за плати на овчарите

Последната исплата беше во 2018, а се однесуваше за 2017 година 

Доцат субвенциите на платите на овчарите и одгледувачите на добиток. Последната исплата беше во 2018, а се однесуваше за 2017 година .

Во декември 2017 беше објавен јавен повик за субвенционирање на платите на овчарите и одгледувачите на добиток. Надоместокот изнесува 100 проценти од просечната нето плата во дејноста. Ова важи само за вработените на фармите кои се наоѓаат на надморска височина повисока од 700 метри. Под оваа граница субвенцијата е 60 проценти.

За чување и пасење на овци, кози или говеда на ливади кои се наоѓаат на надморска височина над 700 метри сточарите имаат право на субвенционирање на платите.

Но, за жал сточарите се жалат дека пари не добиле со години. Постојано бараат одговор од МЗШВ зошто не им се исплатени парите, засега нема одговор.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close