fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Пензионерите ќе ги добијат пензиите пред празниците

Пензионерите ќе располагаат со своите средства од 26 април

Владата  го задолжи Фондот за пензиско осигурување до 23 април да ги достави податоците за пензиите до деловните банки, на кои пак им препорача да овозможат пензионерите да располагаат со своите средства од 26 април, односно пред велигденските и првомајските празници.

-Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец април 2021 година, и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 23.04.2021 година, а на деловните банки им се препорачува да обезбедат пензионерите да може да располагаат со априлските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.04.2021 година, информира владината прес-служба.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички ќе се оствари во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата и тоа за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26 април (понеделник), за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27 април (вторник), за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28 април (среда) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.04.2021 година (четврток).

Со ова, нагласуваат од Владата, сите корисници на пензии ќе ги добијат своите средства пред првомајските и велигденските празници.https://nezavisen.mk/penzionerite-kje-gi-dobijat-penziite-pred-praznicite/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close