fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Преку јавен оглас ќе се дава во закуп над три хектари државно земјоделско земјиште

Усвоена е Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2021 година со буџет од 25.000.000 денари. 

Владата ја усвои Информацијата за давање согласност за распишување јавен оглас за давање во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над три хектари по пат на електронско јавно наддавање, прв за оваа намена во 2021 година.

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на вчерашната седница е усвоена Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2021 година со буџет од 25.000.000 денари.  Со Програмата е предвидено да се реализираат активности за поддршка на плански региони за подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачја на интензивна земјоделска дејност. МИА

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close