ВестиМакедонија
Акција за пошумување во Крушево по повод Денот на планетата Земја
Локација споменикот Слива
Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска по повод Денот на планетата Земја ќе учествува во акцијата за пошумување што ќе се одржи во Крушево, кај споменикот Слива.
Настанот е во рамки на програмата „Добра земјоделска пракса”, а според најавите, ќе присуствуваат и градоначалникот на Крушево, Томе Христоски и претставници од компанијата „Секе”.МИА