fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Душата полна-Нивите околу Црнобуки како килим исткаени

Лично е полето пелагониско, работено од вредните раце на нашите земјоделци

Душата полна-нивите околу Црнобуки како килим се исткаени. Лично е полето пелагониско, работено од вредните раце на нашите земјоделци.

Црнобуки е пелагониско село со четиристотини жители и се наоѓа на стратешка позиција на само неколку километри пред Битола, помеѓу двете патни артерии кон Демир Хисар и Прилеп.  До таму води патот за Демир Хисар  преку Кукуречани, а веднаш потоа забраздува низ полето сè до реката Шемница, околу која се изградени куќите. Селските ниви се распослани кон утробите на Пелагониската Котлина до „прилепското џаде“ кај месноста Петилеб, а на другата страна над црквата се ридовите кои од памтивек селаните ги викаат Градиште.

Можно е да е слика од дрво, природа и трева

Фото Ивона Кочов

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close