fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Хоџа-Кризата покажа дека земјоделството и производството на храна се основа за опстанок

Хоџа наведува дека земјоделството учествува со осум отсто во вкупниот БДП, околу половина од вкупната површина на државата е земјоделско земјиште на кое преовладува растителното производство

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа вчера се обрати на Генералното собрание на Националната федерација на фармери (НФФ) што се одржа онлајн и уште еднаш повтори дека земјоделството е клучен сектор во македонската економија и многу значаен работодавач, посебно во руралните средини. Интенција на Владата е, порача Хоџа, зголемување на производството и квалитетот, создавање конкурентни продукти со повисока додадена вредност кои ќе бидат извозно ориентирани.

КОВИД-кризата, подвлече Хоџа, покажа дека земјоделството и производството на храна се основа за опстанок.

-Земјоделството учествува со осум отсто во вкупниот БДП, околу половина од вкупната површина на државата е земјоделско земјиште на кое преовладува растителното производство. Приоритет на МЗШВ е зголемување на земјоделските површини, приносот и квалитетот. Тоа значи поголеми приходи во сите семејства кои се занимаваат со земјоделско производство. Изминатата година видовме дека иднината на човештвото зависи од квалитетот на животната средина. Количината, квалитетот, безбедноста и достапноста на храна се основните потреби од кои зависи опстанокот на сите нас, потенцира министерот.

И во оваа прилика Хоџа рече дека земјава има почвени и климатски услови погодни за производство на храна со одличен квалитет, а земјоделството е економска гранка со изразен поитенцијал за одржлив развој. Но, од друга страна, дополни, ранливоста на земјоделскиот сектор е дополнително поттикната од недоволниот развој во руралните области, нивната депопулација, стареењето на населението и помалиот пристап до финансиски средства.

-Подобрувањето на конкурентноста и одржливоста на земјоделските стопанства базирана на еколошките практики во производството кои водат до намалување на влијанието на климатските промени и прилагодување, како и обезбедување одржлив развој на руралните средини согласно ЕУ стандардите, се клучни цели кон кои се стреми МЗШВ, истакна Хоџа.https://nezavisen.mk/plasmanot-i-niskite-otkupni-ceni-se-ushte-problem-broj-eden-za-farmerite/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close