fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Веднаш исплата на парите од петтиот пакет мерки бараат тутунарите

„Тутунска надеж“ смета дека помошта е само трошка од лебот што им се зеде на тутунарите

Тутунарите го губат трпението, бараат помошта од петтиот пакет мерки веднаш да им биде исплатена. Здружението „Тутунска надеж“ смета дека помошта е само трошка од лебот што им се зеде на тутунарите.
-Здружението Тутунска Надеж бара итно исплаќање на Помошта за тутунарите од 5 тиот пакет мерки кој беше изгласан и за кој има одвоено пари во буџетот. Бараме од Министерот за земјоделие шумарство и водостопанство ВЕДНАШ да излезе и да соопшти на кој начин ќе биде распределена помошта и истата да биде исплатена на тутунарите најдоцна до 29.04.2021г.
Тутунарите се дојдени на работ на својата егзистенција поради лошиот откуп кој не ги покри ланските трошоци , трошоците кои веќе ги имаат за подготовка на новата реколта и зголемените трошоци за живот кои ги предизвикува зголемената цена на нафтата и потребни намирници за прехрана на семејството. Истото барање важи и за субвенциите.
Нема повеќе трпение за чекање, велат од здружението Тутунска надеж.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close