fbpx
Вести

Дипломати и јавни личности со храна се дружеа во Брвеница

Викендов, во селото Брвеница, се одржа манифестацијата „Разговори за храна” (Food Talk 2016 ), на која на едно место се собраа голем број познавачи на кулинарството, јавни личности, гастрономски ѕвезди, лекари, нутриционисти, промотори на здравиот живот, вистински љубители на храната.

diplomati i javni lichnosi so hrana se druzhea vo brvenica

 

Настанот се одржуваше од рано изутрината, па сe до ноќта, кога пред голем број посетители се зборуваше за храната, за добрите и за лошите навики во исхраната, за виното, за кулинарските тајни. Во исто време, на големиот број штандови се подготвуваа, дегустираа и се служеа голем број специјалитети, месни и млечни производи, млечни, сирења, кашкавали, пудинзи, слатки и торти.

Меѓу гостите беа и британскиот амбасадор Чарлс Гарет заедно со сопругата, унгарскиот амбасадор Ласло Лукс и градоначалникот на Брвеница, Енвер Пајазити, кој ја отвори конференцијата и им посака добредојде на гостите. Меѓу познатите беа и Викторија Лоба, Адријана Алачки, Ирена Спировска, Марјан Коцев. На манифестацијата настапи и музичката група „Бионда”. Настанот го организираше “Колор медија”

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close