fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Тутунарите со порака до Заев-исполнете го ветувањето за просечна цена од 180-185 денари по кг

Ако не си стоите на зборот ќе повикаме на протест!

Координаторот на новоформираните тутунарски здруженија од Пелагонија испратија писмо до премиерот Зоран Заев со порака да си ги исполни ветувањата дадени на тутунарите за време на откупот на тутунот од последната реколта.

-На писмото на четирите тутунски здруженија упатено до ВАС за исполнување на ВАШЕТО ветување дадено на тутунарите за просечна цена 180-185 денари по килограм, ДО ДЕН ДЕНЕС НЕМАМЕ ДОБИЕНО одговор. Како новоформирани здруженија во кои тутунарите се повеќе имаат доверба во нашата посветеност за борбата против неправдите кои им се случуваат во моментов, како и секогаш така и сега, ДОКОЛКУ НЕ СИ СТОИТЕ НА ЗБОРОТ, ние први ќе повикаме на ПРОТЕСТ. Имајќи ја во предвид пандемијата со Ковид кризата, ВИ даваме во текот на наредната недела последна шанса јавно да одговорите КОГА И КАКО имате во план да го исполните Вашето ветување кое преку НАС им го ДАДОВТЕ на тутунарите. Несакаме да помислиме дека ВИЕ во својство на премиер не ИЗЛАЖАВТЕ или не дај Боже само не ИЗМАНИПУЛИРАВТЕ. Затоа како одговорни субјекти, ВИ даваме можност да се произнесете во спротивно нашите пари ќе си ги бараме на ПРОТЕСТИ, пишува Игор Мирчески координарот на четирите новоформирани тутунарски здруженија во Пелагонија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close