ВестиМакедонија
Сончево и потопло со мала облачност, температурата до 21 степен
Следува период на потопло време со температура до 29 степени
Времето ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информира Управата за хидрометеролошки работи.
Утринската температура ќе се движи од 1 до 10 степени, а дневната од 13 до 21 степен.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и потопло. Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната до 20 степени.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на потопло време, а значително затоплување се очекува од средината на следната седмица. Во почетокот на седмицата ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд.