fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

АХВ забрани чување и испаша на свињи на отворено поради опасноста од африканската чума

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе решение со сет мерки што треба да ги применуваат одгледувачите на свињи во држава.

ПОРАДИ РИЗИК ОД ПОЈАВА И ШИРЕЊЕ НА АФРИКАНСКАТА ЧУМА

Заради елиминирање на ризикот од појава и ширење на болеста африканска чума кај свињите во земјава, имајќи ја предвид епизотиолошката состојба со болеста во регионот каде што е потврдено нејзиното присуство, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе решение со сет мерки што треба да ги применуваат одгледувачите на свињи во држава.
– На сточарите што одгледуваат свињи им се забрануваат одгледување и испаша на свињите на отворено. За непочитување на оваа мерка, свињите ќе бидат без надомест одземени од сточарите и хумано убиени и нештетно отстранети. Решението забранува ставање во промет на свињи преку добиточните пазари и собирните центри. Во согласност со Годишната наредба за здравствена заштита на животните, сите одгледувачи на свињи имаат обврска да ги воспостават и одржуваат основните биосигурносни мерки на фармите. На одгледувалиштата од категоријата фарми со висок ризик им се забрануваат набавка и внесување свињи доколку ги немаат воспоставено основните биосигурносни мерки – се вели во соопштението од АХВ.
Од Агенцијата информираат и дека со решението е наложено задолжително пријавување сомнеж на болест или умирање на свињите до најблиското ветеринарно друштво или до официјален ветеринар на АХВ. Освен тоа, сточарите треба ажурно да го водат Регистарот на одгледувалиштето и во него да ги евидентираат сите активности на фармите.

– Фармерите имаат обврска да водат евиденција за движењето на животните, кои мора да се идентификувани, со валиден сертификат за здравствената состојба и документ за синџир на исхрана доколку се транспортираат до кланица за колење. Да се води сметка животните да не доаѓаат во контакт со други животни што имаат непознат здравствен статус. Од одгледувачите што нема да ги исполнат условите за движење на животните од решението, свињите ќе бидат одземени, убиени и нештетно отстранети на товар на сопственикот, доколку се затекнат во промет – објаснуваат оттаму.
Свежото месо, подготовките, производите од месо и нуспроизводите од дивите животни приемчиви на болеста, во согласност со донесеното решение на АХВ, не смее да дојдат во контакт со животните на фармите, бидејќи преку нив може да дојде до пренесување на болеста.

– Ловџиите или лицата што имале контакт со диви животни приемчиви на болеста, не смее да имаат контакт со домашни свињи најмалку 48 часа по ловот – истакнуваат од Агенцијата.

Болеста африканска свинска чума се пренесува и се шири со директен контакт од болно на здраво животно, индиректно се пренесува преку заразена храна и отпадоци од храна, опрема, возила и облека и биолошки преку вектор – мек крлеж од родот орнитодорос.https://www.novamakedonija.com.mk/ekonomija/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close