fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Седми пакет мерки за текстилците или 10.000 работнички ќе останат на улица

Текстилната индустрија на удар од пандемијата.

Текстилната индустрија на удар од пандемијата. Локдаунот во Германија и во останатите земји на ЕУ, каде што македонските компании од овој сектор извезуваат останаа без традиционалните нарачки. Магацините, моловите, бутиците се полни со стока, за да се добијат нови нарачки за шиење  кошули, панталони, здолништа ќе мора да се почека, кога тамошните економии ќе заживеат и ќе се вратат во нормала. Проценките се дека службените бели кошули повторно ќе се шијат по две години.

Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи, а воедно и менаџер на светиниколската конфекција „Мода“, која е и најголемиот работодавач во оваа општина, во срцето на Овче Поле во интервју за МИА вели дека за спас на оваа индустрија и на 10.000 работни места потребен ќе е седми пакет на мерки. Забележува дека ситуацијата е комплексна и има разлика од компанија до компанија.

„Прво ова што задоцни петтиот сет на мерки, можеби нема да направи голем проблем, ако компаниите сега ги добијат овие средства, бидејќи ние сите поднесовме барање и гледам дека нашите барања се уште не се одобрени. Во УЈП претпоставувам има многу барања, коишто мора да се обработат, да се проверат податоците, критериумите дали ги исполнуваат. Многу е важно помошта да се добие, бидејќи загубите што ги остваривме овој период, навистина се огромни. Сега ја правев анализата за  трите месеца, 300.000 евра имаме помалку приходи во споредба со лани во овој истиот период. Загубата е над 100.000 евра, сето она што се случуваше на германскиот пазар, големиот локдаун, навистина влијаеше на нашите компании. Од друга страна ситуацијата и понатаму е многу неизвесна, никој не може да каже дали во Германија за еден или два месеца ќе почне да се отвора нивната економија или дали тоа ќе трае и понатаму. Имав разговор со една бизнисменка од Штип, која работи за Германија, таа е многу уплашена, бидејќи нивните газди велеле дека до септември нема шанси да се отвори, заради зголемиот број  заразени во Германија. Гледаме дека во Германија вакцинацијата оди многу споро и многу мал процент се вакцинирани“, вели Димитров.https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/sedmi-paket-merki-za-tekstilcite-ili-10000-rabotnichki-kje-ostanat-na-ulica

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close