fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ќе има измени на Законот за надомест на штети на земјоделците од природни непогоди

Министерството за земјоделство предложи со измените на Законот да достави вкупен извештај за настаната штета во земјоделството во периодот од 2016 до 2019.

На вчерашната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за вкупно пријавени штети, согласно Елаборатите доставени од Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата од елементарни непогоди формирана од Владата, согласно Законот за заштита и спасување во 2016, 2017 и 2018 година, а за кои нема донесено никаква одлука за надомест.

Заради решавање на ова прашање, Владата заклучи да се подготви измена на Законот за заштита и спасување во делот за процена на штета и помош во отстранувањето на последиците од природни непогоди и други несреќи за определување рок за доставување вкупен извештај за штети во земјоделството до Владата од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во насока на реализација на препорачаното решение, Министерството за земјоделство предложи со измените на Законот за заштита и спасување да достави вкупен извештај за настаната штета во земјоделството во периодот од 2016 до 2019, врз основа на извештаите доставени од страна на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата од елементарни непогоди, стои во информацијата од Владата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close