fbpx
Агро бизнисМакедонијаТоп вести

Ученици сами одгледуваат зеленчук за школскиот оброк

Зелена градина добија учениците од Посебното основно училиште „Маца Овчарова“ и децата од „Ѕвончица“, клон од градинките „Димче Мирчев“ во Велес. Овие градини се во дворовите на училиштето и градинката.

Зелена градина добија учениците од Посебното основно училиште „Маца Овчарова“ и децата од „Ѕвончица“, клон од градинките „Димче Мирчев“ во Велес. Овие градини се во дворовите на училиштето и градинката.

Децата со нивните наставнички и воспитувачки неколку месеци садеа, расадуваа, одгледуваа во пластеник зеленчук и зачини, кои потоа ќе ги користат во нивната храна. Проектот е на Фондацијата „Фокус“ од Велес, финансиски поддржан од Министерството за животна средина со 300.000 денари и 71.000 денари од Општина Велес.

„Децата од мали нозе започнавме да ги учиме што значи здрав начин на живот, производство на здрава храна и ја создававме свеста за здравата животна средина“, кажа Убавка Јаневска од Фондацијата „Фокус“.

Изминатите девет месеци, децата ги добиваа потребните информации за здравата храна, за здравата животна средина. Гледаа како од семе расте расадот одмарули, млад кромид, кои наскоро ќе се бидат нивен оброк. Засадија и 50 садници на туја, декоративно дрво донација од ЈП „Македонски шуми“.https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/detsata-vo-veleshkoto-posebno-osnovno-uchilishte-sami-odgleduvaat-zelenchuk-za-shkolskiot-obrok/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close