Тутунарите контра изјавата на премиерот Заев-Не се памети килограм тутун колку килограм спанаќ
Игор Мирчески- слушајќи го премиерот се расплакавме од радост
Игор Мирчески, координаторот на новоформираните тутунарски здруженија реагира на изјавта на премиерот Заев дадена денеска за тутунарите на Собрание.
-Тутунарите ќе се расплачат од радост како Владата и Министерството за земјоделие успешно ја решиле изминатата реколта. Почитуван премиер изгледа вие и ние тутунарите не живееме во иста држава, и да не речам во ист свет. Парите што требаше да ни ги дадете оваа година за субвенции ни ги зедоа компаниите за време на откупот и тоа двојно. Ние сме оштетни за 1 евро, во споредба со минатите години, ковид мерката од 10 денари не може да ја надомести штетат од 60 до 100 денари кај тутунарите. Вие ни ветивте просечна цена од 180-185 денари по килограм и затоа тутунарите се помирија со ситуацијата и ги релативизираа протестите. Цената од 159 плус 10 денари е еднакво на 169 денари и не може да е цена од 185 денари. Тука недостигаат 16 денари. Велите се направил напор да се откупи 4 класа, ама кога не се откупувала? Тутунарите родот го предадоа за бедни 80 денари по кг. Не се памети килограм тутун колку килограм спанаќ. Почитуван премиер нема да дозволиме да се гази по нашето достоинство, заедно со сите земјоделски гранки здружени за кратко ќе ве посетиме на протести, за да ви кажеме колку сме задоволни од ваквата политика и тоа на каков начин ги третирате земјоделците, пишува Мирчески во реакцијата.