fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Дигитална писменост и користење е-услуги во руралните средини

Рурална Коалиција како дел од ИЦЕДА мрежата

Рурална Коалиција како дел од ИЦЕДА мрежата и организација која што ќе служи како локален центар за е-поддршка при користење на дигиталните услуги, денеска преку ZOOM платформата ја организира првата национална прес – конференција за презентација на наодите од извештајот за нивото на дигитална писменост и користењето на е-услугите во руралните средини.

На презентацијата и промоцијата на резултатите, но и заклучоците и препораките од извештајот ќе говорат претставници на Фондацијата Метаморфозис како имплементатори на регионалниот проект „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА” кој го спроведуваат во партнерство со Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

Резултатите од истражувањето што се спроведуваше во периодот јануари – март 2021 година, а кое што опфаќа 246 испитаници од шест плански региони, ќе ги презентираат извршната директорка на Рурална Коалиција, Лилјана Јоноски, и програмската соработничка Елизабета Ристеска – Мрческа, а ќе се промовира и првата платформа за е-земјоделски услуги која што на едно место ги собира сите електронски достапни услуги и информации поврзани со секторот земјоделство и рурален развој.

Една од главните цели на проектот „Дигитализација во земјоделството – СЕГА” е зголемување на информираноста и видливоста на предизвиците со кои што се соочува населението во руралните средини кога станува за користењето на услугите и познавањето на Дигиталната агенда на државата воопшто.https://24info.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close