fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Оддадена почит на градителите на ХЕЦ Тиквеш

Во 1964 почнала изградбата на хидроелектричната централа „Тиквеш“, лоцирана во селото Возарци, во близина на Кавадарци

Со едноминутно молчење и полагање на свежо цвеќе на спомен обележјето на градителите денеска беше одбележан 5 мај, денот кога во 1964 почнала изградбата на хидроелектричната централа „Тиквеш“, лоцирана во селото Возарци, во близина на Кавадарци. По тој повод, раководството на еден од најзначајните домашни капацитети за производство на електрична енергија, заедно со вработените им оддадоа почит на градителите на ХЕЦ Тиквеш.
-Како вработени во хидроелектраната сакавме да останеме верни на традицијата и скромно, со почитување на сите протоколи во услови на пандемија, да го одбележиме овој значаен датум за нашиот хидроенергетски капацитет. Денеска им оддадовме почит на четворицата работници кои загинале за време на изградбата на хидроелектричната централа и придружните објекти, како и на сите вработени кои веќе не се меѓу нас. Сите нив ги сметаме за важни алки за успешна изградба и доверливо функционирање на хидроелектраната- нагласи Ѓоко Ташев, директор на АД ЕСМ, Подружница ХЕЦ Тиквеш.
Благодарение на сите вработени, заврши Ташев, ХЕЦ Тиквеш работи доверливо, го исполнува предвидениот план за производство и дава значаен придонес во електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close