Американска компанијата со нова инвестиција во ТИРЗ Тетово
Нова инвестиција на „ЛЕАР“ и „Нормак Инвестмент Груп“ во ТИРЗ Тетово
Американската компанијата „ЛЕАР“ и „Нормак Инвестмент Груп“ денеска во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово ќе постават камен-темелник на новата заедничка инвестиција. Станува збор за нов втор инвестициски циклус кој изнесува 15 милиони евра.
На настанот ќе се обратат премиерот Зоран Заев, министерот за економија Крешник Бектеши, директорот на Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, претседателот на борд на директори на „Нормак Инвестмент Груп“, Аки Етеми, а најавено е присуство и на првиот заменик претседател и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
Во постојниот прв производствен погон на фабриката „ЛЕАР“ во ТИРЗ Тетово, веќе се произведуваат навлаки за седишта и сродни производи за автомобили за извоз.