fbpx
Агро бизнисВестиВино

АД ЕСМ-На „Бегова Чешма“ отпочнаа градежните активности за поставување платформа на сончевата страна од скијалиштето

Пелистер

ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје – Подружница Молика Битола, денес официјално ги започна активностите за реализација на Планот и Програмата за следната зимска туристичка сезона на Ски-Центарот Копанки на Пелистер, во функција на исполнување на очекувањата на љубителите на зимските спортови, планинарството и планинскиот туризам, како и останатите рекреативци кои го посетуваат Пелистер
На локалитетот ,,Бегова Чешма„ отпочнаа градежните активности за поставување платформа на сончевата страна од скијалиштето, како идеален простор за поставување на урбана опрема и организирана понуда на храна, пијалоци и топли напитоци за време на зимската и летната туристичка сезона. Платформата на Бегова Чешма ќе биде одлично место за одмор и рекреација, но, истата ќе биде ставена во функција и за организирани настани и дополнителни манифестации во текот на цела година .
ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје – Подружница Молика Битола, со завршувањето на зимската скијачка сезона во март 2021 год, започна со реализација на акционениот план и развојната стратегија, со цел Ски-Центарот Копанки во следните десет години да добие многу нови мултифункционални содржини.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close