fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во земјава најмалку 128.000 луѓе работат на црно

Немаат платени придонеси, здравствено осигурување, најчесто земаат ниски плати. 

Повеќе од 128.000 луѓе во Македонија работат на црно.

Дури 65 отсто од нив изминатиот период останале без егзистенција, затоа што работата во земјоделството, градежништвото и услужниот сектор се дејности кои не функционираат со работа од дома, покажало истражувањето на Аналитика. Немаат платени придонеси, здравствено осигурување, најчесто земаат ниски плати.

Државата се обиде да им помогне преку пакет мерките, но истражувањето покажува дека 75 отсто од неформално вработените не искористиле ниту една мерка. Според министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на ранливите категории им се помогна со зголемен  опфатот на лица кои земаат гарантирана минимална помош. Во системот за една година се запишани нови 6.500 лица.https://faktor.mk/vo-zemjava-najmalku-128000-lugje-rabotat-na-crno

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close