Нафтените деривати од ноќеска поскапи за денар до денар и половина
Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 од ноќеска ќе се зголеми за 1,50 денари за литар, додека малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98, Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1 денар за литар.
Од ноќеска нафтените деривати во земјава ќе поскапат за денар до денар и половина. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,88 отсто, информираат тие.
Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 од ноќеска ќе се зголеми за 1,50 денари за литар, додека малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98, Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1 денар за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,800 ден/кг и сега ќе изнесува 35,243 денари за килограм.
Со најновата одлука, максималната цена на Еуросупер БС-95 на бензинските станици ќе изнесува 68,50 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 се искачи на 70 денари за литар. Дизелот на бензинските станици ќе се продава по цена од 60 денари за литар, додека екстра лесното масло ќе чини 59,50 денари.
Од РКЕ објаснуваат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 4,035 отсто, дизелот за 3,187 отсто, екстра лесното масло за 3,463 отсто и мазутот за 2,956 отсто. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,160 отсто.