fbpx
Вести

Сто тони ајварка дневно се продаваат на црно

Над сто тони ајварка дневно на диво завршуваат на неколку импровизирани пазари во Скопје. Дивите препродавачи пиперките ги купуваат директно од нивите во Струмица, и за ситни пари го препродаваат во Скопје. “Заработувачката ни е мала. Ајварката ја купуваме за 12, а ја продаваме за 20 денари по килограм. Имаме и транспортни трошоци, но од нешто мора да се живее”, велат дивите трговци кои веќе десетина дена ја имаат заземено улицата “Трета македонска бригада”, под подвозникот на железничката пруга.

sto toni ajvarka dnevno se prodavaat na crno

 

Освен кај Железничката станица, по десетина камиони дневно стојат и кај касарната “Илинден”, и во близина на СРЦ “Кале”. Препродавачите се дојдени сосе жени и деца. Спијат во камионите, додека не го продадат целиот товар. Струмичките производители на најубавата црвена пиперка од сортата куртовска капија велат дека ако не се дивите трговци, ќе им скапе целиот род на нивите, бидејќи легалните откупувачи одбиваат да го земат родот и ја намалуваат цената, а нема интерес ниту од преработувачките капацитети.

Сојузот на синдикати на земјоделците дури најави и протести ако не се направи нешто во врска со цената. “Годинава има голем род, а преработувачите немаат капацитет да го преработат. Од друга страна, откупувачите не сакаат да платат повисока цена за ајварката, па земјоделците мора сами да се снаоѓаат. Во моментот од многу голема помош се дивите прекупци, кои за минимална заработувачка откупуваат дел од родот, но тоа не е доволно да се реши проблемот”, вели Драги Памуков од здружението “Кукла градинар”.

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close