fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Прехранбени производи за вработените во ковид центрите од Синдикатот на ЕСМ

Синдикатот на АД ЕСМ донираше прехранбени производи за вработените во ковид центрите во неколку градови во државата.

Шестотини пакети млечни производи беа доставени до медицинскиот персонал во ковид центрите во Битола, Струга, Кичево, Гостивар и во Кавадарци, како помош и поддршка за вработените и нивните семејства во текот на верските празници Велигден и Рамазан Бајрам, кои голем број медицински лица и технички персонал ги поминаа на работните места во ковид центрите грижејќи се за тешко болните пациенти.

– На овој начин АД ЕСМ и Синдикатот изразија благодарност кон чуварите на јавното здравје за пожртвуваниот ангажман во сите овие месеци на борба со ковид пандемијата. Синдикалната организација на АД ЕСМ својата општествена одговорност во борбата против корона вирусот ја изрази во повеќе наврати во изминатати месеци донирајќи заштитни средства, средства за хигиена и дезинфекција, и прехранбени производи на граѓани во повеќе градови. Исто така, Синдикалната организација неколкупати обезбеди донации за ковид центрите низ државата, согласно локалните потреби, додека за ковид центрите во Битола и во Кичево даде наменска донација за обезбедување систем за довод на кислород во болничките простории. И во иднина Синдикалната организација на АД ЕСМ останува партнер на зедницата во која делува, се наведува во соопштението од АД ЕСМ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close