fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во селото Боиште се садело марихуана во напуштени имоти

Полицијата во Демирхисарско откри 120 насади марихуана.

Во напуштени имоти во демирхисарското село Боиште се садело марихуана. Полицијата открила 120 насади, соопштија од СВР Битола.

-На 10.05.2021  од страна на полициски службеници од Полициска станица Демир Хисар во селото Боиште, Демирхисарско, во дворни места од напуштени и рунинирани куќи, откриле 120 насади од марихуана. Увид извршен по овластвање на Јавен обвинител од Битола, при што стеблата и околни предмети се подигнати за понатамошно вештачење. Се работи на расчистување на случајот, велат од полицијата.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close