fbpx
Вести

Светот го обожава а Србија ќе го извезува

Производството на сушен домат кој се смета за вистински деликатес кај нас не е вообичаено, малкумина се оние кои се впуштиле во преработка на овој зеленчук и кои воопшто слушнале за ова.

svetot go obozhava a srbija kje go izvezuva

 

Срѓан Узелац од соседна Србија е еден од нив, економист по професија, отсекогаш сакал да се занимава со храна. Идејата ја добил патувајќи по светот и уживајќи во медитеранска храна.

Почетни средства за купување на опрема се добиени од српскиот Фонд за развој. Првата година е година на предизвици, но со време производството се зголемува. Оваа година во сушени домати или сок ќе се преработат 20 тони .

Како што вели Срѓан, тие однапред го договараат откупот на домати од локални произведувачи.

Добриот домат се препознава по мирис и вкус.

За да се добие килограм сушен домат се потребни до 12 килограми свеж домат. Во една кесичка од 250 грама се собираат околу десеттина парчиња.

Го користат и срцето на доматот, па почнале да прават и сок, така што ништо не фрлаат. Имаат барања и за кечап па планираат од следната година и на тоа да се посветат.

Во Србија сушениот домат се увезувал од Грција и афричките земји, најчесто мариниран. Релативно скапа, но и здрава храна.

Планираат да почнат и шушење на морков и цвекло кои уште не се застапени таму, а се надеваат и дека нивната стока ќе се најде на рафтовите во Австрија и Словенија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close