fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Реновирани канцелариите на ПЕ на МЗШВ и АХВ во Битола

Битни се условите за работа на вработените посебно во овој период кога се уште се аплицира за субвенции, рече министерот Хоџа.

Министерот за земјоделие Арјанит Хоџа, денеска беше во Битола во посета на реновираните канцеларии на ПЕ на МЗШВ во Битола како и канцелариите на АХВ. Станува збор за обнова на 11 кацеларии, од кои 3 се на ПЕ на МЗШВ.

-Битни се условите за работа на вработените посебно во овој период кога се уште се аплицира за субвенции.  Апелирам до земјоделците да аплицираат за субвенции за тековната година, рокот е до 31 мај, порача министерот Хоџа.

Директорот на АХВ Николче Бабовски рече дека со реновирањето се создаваат можности за  добри просторни и квалитетни услови за вработените во јавната администрација и инспекторите во АХВ.

-Порано нашите вработени беа на повеќе локации оддлени, сега вака сме на едно место и сите услуги што им се потребни и на граѓаните  и на бизнис заедницата се на т.н едношалтерски систем каде се што е потребно од безбедност на храна, заштита на здравјето на животните и инспекцискиот дел е ставен на располагање. Тоа ќе значи брза услуга која во дадениот момент значи многу, рече Бабовски.

Градоначалничката Наташа Петровска рече дека канцелариите и на ПЕ на МЗШВ и на АХВ се во старата општинска зграда но тие чувствувајќи дека се дел од оваа зграда и дел од институциите инвестираа во обнова на канцелариите.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close