fbpx
Вести

Увезниот ја урива продажната цена на македонскиот мед

Увезен мед ја урива продажната цена на македонскиот мед. Во моментот во штипскиот регион се продава мед по доста ниска цена. За квалитетот и потеклото никој не гарантира, но како што велат од здружението Пчелар 2014, продажната цена од 190 денари за тегла, наспроти 350 денари е премногу примамлива. Бараат од надлежните инспекции да го испитаат сомнителниот мед.

uvezniot ja uriva prodazhnata cena na makedonskiot med

 

Неизвесно е колку мед е увозено во државата, но штипските пчелари претпоставуваат дека станува збор за околу 40 тони мед увезен од соседните држави. Апелираат потрошувачите да купуваат од познати призводители.
Климатските промени полека си го земаат данокот. Годинава пчеларите покрај нелојалната конкуренција на пазарот, се жалат и на празните кошници.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close