fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Заштита на пченка од широколисни и теснолисни плевели

Пишува Васко Манев-Хемомак пестициди

Во пченката како окопна култура најголем проблем претставуваат плевелите, и тоа како широколисните, така и теснолисните плевели. За сузбивање на плевели во пченка после никнење на пченката и плевелите наша препорака е примена на еден од хербицидите или комбинација помеѓу два хербицида:

ARRAT (tritosulfuron 250 g/kg + dicamba 500 g/kg) е селективен, транслокационен хербицид наменет за сузбивање на едногодишни и повеќегодишни широколисни плевели во пченка, пченица и јачмен. Во пченка се применува после никнење до фаза 5 развиени листови на пченката во доза од 0,2 kg/ha. Ефикасен е за сузбивање на полски вртипоп (Anthemis arvensis), смрдливка (Bifora radians), дива лобода (Chenopodium album), лобода (Chenopodium hybridum), чадливка (Fumaria officinalis), камилица (Matricaria chamomilla), див синап (Sinapis arvensis), млечен осот (Sonchus oleraceus), велигденче (Veronica hederifolia), тробојна љубичица (Viola tricolour), обичен граор (Lathyrus tuberosus), лепавец (Galium aparine), паламида (Cirsium arvense), мртва коприва (Lamium purpureum), булка (Papaver rhoeas) и други.

TALISMAN (nicosulfuron 40 g/L) е селективен, транслокационен и фолијарен хербицид наменет за сузбивање на едногодишни и повеќегодишни теснолисни и некои широколисни плевели во пченка. Се применува кога пченката е во фаза од 2 до 8 листа, во доза од 1 до 1,5 L/ha. TALISMAN ги сузбива следните теснолисни плевели: коштан од семе и од ризоми (Sorghum halepense), обичен пиреј (Agropirum repens), диво просо (Echinocloa crus-galli), зелен мухар (Setaria viridis), крваво прстесто просо (Digitaria sanquinalis), обична ливадарка (Poa trivialis), пијанка (Lolium temulentum), див овес (Avena fatua), а од широколисните: штир (Amaranthus sp.), дива лобода (Chenopodium album), лепавец (Galium aparinae), див синап (Sinapis arvensis), ѕвездарка (Stelaria media), обичен крстенец (Senecio vulgaris), црвена мртва коприва (Lamium purpureum).

За сузбивање на едногодишни и повеќегодишни широколисни и теснолисни плевели наша препорака е комбинација помеѓу хербицидите ARRAT 0,2 kg/ha + TALISMAN 1 L/ha.

LAUDIS (tembotrion 44 g/L) е селективен и системичен хербицид наменет за сузбивање на едногодишни и повеќегодишни широколисни плевели и некои теснолисни плевели во пченка. Темботрион е нова високоефикасна активна материја од групата на трикетони. Плевелите го апсорбираат хербицидот многу брзо, најголем дел преку листовите, но и преку коренот затоа што поседува и почвено делување. Се применува после никнење на пченката и плевелите во доза од 1,5 до 2,25 L/ha, кога пченката е во фаза од 2 до 8 листа. Од широколисните плевели ефикасно ги сузбива: амброзија (Ambrosia artemisifolia), дива лобода (Chenopodium album), див синап (Sinapis arvensis), птичја подврорка (Polygonum aviculare), камилица (Matricaria chamomila), обична ѕвездарка (Stelaria media), црвена мртва коприва (Lamium purpureum), паламида (Cirsium arvense), црн зрнец (Solanum nigrum), лепавец (Galium aparinae), овчарска торбичка (Capsella bursa-pastoris), татула (Datura stramonium), чичка (Xantium strumarium), штир (Amaranthus spp), а од теснолисните диво просо (Echinochloa crus-galli), сив мухар (Setaria glauca), просо (Panicum spp.), коштан од семе (Sorghum halepense), троскот (Cynodon dactylon). LAUDIS е целосно решение за сузбивање на широколисни и теснолисни плевели во пченка, но во случај на појава на ризомски коштан (Sorghum halepense) потребно е да се комбинира со хербицидот EQUIP.

EQUIP (foramsulfuron 22,5 g/L, izoksadifen-etil 22,5 g/L) е селективен транслокационен хербицид наменет за сузбивање на едногодишни и повеќегодишни теснолисни и некои едногодишни широколисни плевели во пченка. ЕQUIP е единствен хербицид на пазарот кој ја содржи активната материја форамсулфурон. Времето на примена во пченка е во фаза од 2 до 8 листа во доза од 2 до 2,5 L/ha. Од теснолисните плевели ефикасно ги сузбива: коштан од семе и ризоми (Sorghum halepense), мухари (Setaria sp.), диво просо (Echinocloa crus-galli), пиреј (Agropirum repens) а од едногодишните широколисни: амброзија (Ambrosia sp.), црн зрнец (Solanum nigrum), татула (Datura stramonium), самоникнат сончоглед (Helianthus annus), штир (Amaranthus sp.).

За целосно сузбивање на едногодишни и повеќегодишни широколисни и теснолисни плевели, наша препорака е комбинација помеѓу хербицидите LAUDIS 2 L/ha + EQUIP 2 L/ha.

 

Подготвил: Васко Манев

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close