fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Се бара супер анализа за македонското брашно што се увезува во Косово

Министерството за економија  побара увозникот од Косово, а и производителот од нашата страна, да побараат да се направи супер анализа на брашното што се увезува кај нашиот сосед од земјава, информира ресорниот министер Крешник Бектеши

Министерството за економија  побара увозникот од Косово, а и производителот од нашата страна, да побараат да се направи супер анализа на брашното што се увезува кај нашиот сосед од земјава, информира ресорниот министер Крешник Бектеши.

-Утринава имав состанок со мелничарите и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство на кој ни ги доставија сите документи, анализи и сертификати кои се направени. Увидовме дека не е направена супер анализа, која согласно процедурите за извоз на брашно во склоп на ЦЕФТА договорот имаат право да ја побараат и направат увозниците на брашно, поточно косовската страна што увезува брашно од кај нас. Ќе чекам да го направат тоа и во текот на денот да ми ги достават и тие документи ако ги имаат, рече Бектеши во одговор на  прашање по промоцијата на платформата safetravels.gov.mk за имплементација на „Знак за безбеден туризам“.

Нагласи дека прашањето ќе го актуелизира во Секретаријатот на ЦЕФТА и дека тој лично ќе се ангажира да комуницира со надлежните министерства во Република Косово.

-Согласно анализите кои се прават од косовската страна забранет е увоз на тој вид на брашно, информира Бектеши.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close