fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Хоџа-Субвенциите за сточарите доцнат поради пандемијата

Од средината на следниот месец ќе бидат извршени сите исплати на субвенциите од сите мерки .

Министерството за земјоделство ќе преземе институционални мерки за надминување на проблемите со кои се соочуваат сточарите, и од средината на следниот месец ќе бидат извршени сите исплати на субвенциите од сите мерки. Ги замолив да имаат разбирање за доцнењето, кое е резултат на ситуацијата создадена од глобалната пандемија предизвикана од вирусот Ковид -19, порачува министерот за земјоделие Арјанит Хоџа по состанокот со Сојузот на одгледувачи на овци.

Хоџа вчера на барање на Сојузот на одгледувачи на овци, во просториите на МЗШВ, одржал заеднички состанок, на кој разговарале за проблемите со кои се соочуваат сточарите.
-Исто така, тема на дискусија беше и драфт верзијата на Законот за продажба на државно земјоделско земјиште и Законот за Пасишта.
На сточарите им ги објаснив и придобивките што можат да ги користат од новиот Закон за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, како и од Законот за пасишта.
Вратите на министерството отсекогаш биле отворени за сите земјоделци, а ние како министерство ќе се заложиме да го направиме нашето земјоделство конкурентно во регионот но и пошироко, порачува министерот Хоџа.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close