Автопатот Кичево-Охрид ќе биде завршен кон крајот на 2023 или почетокот на 2024 година, најави Бочварски
Изградбата на автопатот Кичево – Охрид е меѓу приоритетите на Владата.
Изградбата на автопатот Кичево – Охрид е меѓу приоритетите на Владата. Посебен тим на Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта работат максимално на приоритетните проекти за да ја оспособиме комплетната траса за работа.
Ова денеска го изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој изврши увид на автопатот во изградба Кичево-Охрид, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и неговиот заменик. Тие остварија средба со надзорот на овој автопат, од каде ги добија сите неопходни информации во врска со моментална состојба на автопатот.
– 20 инфраструктурни проекти се готови и може на дваесетина нови позиции непречено да се работи. Она што го гледаме на терен се преку 356 градежни машини и над 730 работници, кои секојдневно работат за да го испорачаме овој автопат на граѓаните, нагласи Бочварски.